Проектот Imaginarium of Tears претставува серија на микрофотографии што ја покажуваат убавината која се крие зад солзите.
Често тие се знак на слабост и соодветно не секогаш се сметаат за нешто што е прекрасно.
Една солза сепак може да биде нешто многу повеќе. Снимајќи ги овие прекрасни капки, фотографот Морис Микарс сака да ни покаже дека нашите “слабости” можат да доведат до уметност, која никогаш не сме ја согледале во својата вистинска форма.