Како да познаеш дека глуми оргазам

Жените глумат оргазам од бројни причини. Некои се чувствуваат несигурно заради својата неможност да свршат секој пат, додека други сакаат да го нахранат егото на партнерот и да направат да се чувствува како да завршил добра работа.

Ова се 5 сигурни знаци дека таа глуми:

Доживува оргазам подеднакво брзо како и вие
На жените едноставно им треба повеќе време за да достигнат оргазам – најчесто околу 20 минути (со вклучена предигра). Клучот е да запомните дека треба да бидете трпеливи и да сфатите дека времето потребно за да ја доведете до „големото О“ ви е од полза и на двајцата. Таа можеби лажира оргазми затоа што е загрижена околу тоа што и е потребно „толку многу време“. Направете да се чувствува удобно во сопственото темпо и препуштете и да ја предводи акцијата.

Оргазам од ведро небо
Ако одвај е испотена, не изгледа возбудена и нема знаци дека ќе доживее оргазам, а тогаш тоа се случува токму од никаде и без најава, имате право да се посомневате. Секогаш постои можност за спонтан оргазам, но тоа е малку веројатно. Поверојатно е дека се почувствувала притисната да доживее оргазам, бидејќи сте ја предупредиле дека сте многу близу до крајот. Потрудете се да биде повеќе сконцентрирана на самото задоволство, а не на оргазмот како цел на сексуалниот чин.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Не чувствувате грчење на нејзиното тело
Кога жената доживува оргазам, не може да го контролира грчењето на мускулите на телото. Ако такво нешто не се случи и не почуствувате дека нејзиното тело се стега, веројатно не доживеала оргазам.

Многу е гласна
Возишките непосредно пред кулминацијата, нормално, се погласни. Но, ако буквално изгледа како да добила напад на вриштење или одеднаш ве мотивира со оние неискрени фрази како од порно-филмовите, имате работа со безобзирна глумица.

Не мастурбира
Ако не знаете дали сака да го истражува сопственото тело и дали ужива во соло-сексот, можете да ја прашате. Жените обично откриваат што сакаат и што им одговара токму преку мастурбирањето. Ако таа признае дека не мастурбира, веројатно ги лажира оргазмите, во голем дел заради тоа што сé уште не знае што посебно ја возбудува.

- Реклама -