Психологијата не само што е применлива во сите области на животот, туку знае да биде и забавна. Авторите на видеото во продолжение инсистираат дека ова е најбрзиот и најкраткиот тест на личноста, а ние инсистираме дека е еден од најзабавните.
Доколку ви е проблем да ги следите инструкциите преку самото видео (на англиски), пожелно е да ангажирате некој од пријателите во улога на „водич“ низ тестот. Се одвива вака:
– Испружете ги рацете пред себе и затворете ги очите (без мамење). Внимавајте рацете да ви се на иста висина
– Замислете дека на прстите на десната рака ви е закачен балон со хелиум и лесно ви ја влече десната рака нагоре.
– Замислете дека во левата рака држите неколку книги, кои ви тежат и ви ја влечат левата рака надоле
– Држете ги очите затворени!
– Фокусирајте се и уживајте во сликите што ви проаѓаат низ мислите, но не заборавајте дека балонот ви ја влече десната рака нагоре, а книгите ви тежат на левата кон доле.
– Сега отворете ги очите.
Ако рацете ви се во различна позиција, едната нагоре, а другата надоле, значи дека имате бујна фантазија. Емотивни сте и оптимистични, спремни за ризици и предизвици. Вие сте сонувач. Сакате книги и филмови – ве наведуваат на размислување.
Ако рацете ви се на исто рамниште, исто како и пред да ги затворите очите, и ако не сте се помрднале, вие цврсто стоите на земја, во буквална и во метафорична смисла. Вие сте реалист. Многу размислувате пред нешто да направите или да донесете одлука. Логичар сте, сакате сé да проанализирате и претпазливи сте. А ако една од сликите што ви поминаа низ глава е онаа од слатко кученце, значи дека сте ѕирнале додека не смеевте, што ве прави малку и сомничави.