Вака би изгледало небото кога би можеле да ги видиме сите астероиди.
Астрономот Скот Манли создал една навистина кул визуелизација на ноќното небо, која покажува како би изгледало, ако човечкото око беше во состојба да ги гледа астероидите во него, пишува Gizmodo.
Овие објекти не се видливи за голо око, бидејќи се премногу мали, но Манли успева да ја забележи поставеноста на познатите астероиди и да го забрза нивното движење, за да покаже како би изгледале во пракса.
Глетката навистина е одлична – замислете само како кревате поглед кон небото и ги гледате сите овие светлечки точки.