Јапонците се првенци во светот по должина на животот, што во Земјата на изгрејсонцето просечно трае 86,4 години. Голема заслуга за овој факт има начинот на исхрана на Јапонците.
Еве ги десетте главни причини за долговечностa:
1. Во Јапонија секогаш се јаде свежо подготвена храна. Забележете – на прехранбените производи се наведува не датумот на производство, туку конкретниот час.
2. Јапонците консумираат речиси 10% од светскиот принос на риба, иако тие претставуваат околу 2% од населението на Земјата, на тој начин ја набавуваат потребната дневна доза. Омега-3 масните киселини, гарантираат здравје и долг живот.
3. Сино-зелените алги се уште еден незаменлив дел од јапонската кујна. Оваа суперхрана е моќен антиоксидант, го прочистува организмот од токсините и го забавува процесот на стареење.
4. Во исхраната на Јапонецот влегува пет пати повеќе зеленчук (зелка, карфиол, брокула, кинеска зелка, репа (корени и листови), ротквици, крес, семе од синап, отколку што ние обично конзумираме.
5. Јапонците се светски лидери во потрошувачка на производи од соја, чиј што протеински состав и содржина на есенцијални (т.е. незаменливи, или уште – витални за човекот) аминокиселини, се најблиску до оние на месото, во споредба со останатата растителна храна.
6. Нема ден во годината, во кој Јапонците не пијат чаша од својот омилен зелен чај, кој освен со други неспорни квалитети е и силен антиоксиданс, го инхибира растот на клетките на ракот, без да ги оштети здравите ткива.
7. Во Јапонија не обожаваат да мешаат многу производи во едно јадење. Тие се водат и од правилото: колку помалку садови – толку подобро. Храната речиси никогаш не се украсува дополнително, што е уште една гаранција за почитување на правилата за одделна исхрана.
8. Јапонците секојдневно консумираат големи количини на свежо овошје и зеленчук, снабдувајќи го организмот со неопходните “живи” витамини, минерали и микроелементи.
9. Порциите во Јапонија се мали. Садовите за храна се три пати помали од оние кои ние ги користиме.Уште една гаранција дека нема да се прејадеме.
Дали знаете дека вашиот стомак е голем колку вашата рака? Токму со тоа количество можете да се нахраните, останатото и припаѓа на човечката алчност.
10. Од деца Јапонците учат да јадат полека и да ја соџвакуваат храната подобро, со цел да уживаат во секој залак и подобро да ја сварат во организмот.
Прочитај повеќе: Зошто баба ми немаше целулит?