Зошто бебињата плачат ноќе?

Како низ магла, до вашите уши доаѓа звук на бебешки плач. Со секој нареден момент станува сé појасен и погласен, сé додека не сфатите дека нема ни 4 часот наутро и дека плачот доаѓа токму од вашето бебе… По деталната инспекција, сфаќате дека не е гладно, не му е полна пелената, не му растат заби… Тогаш, зошто ли плаче?

До сега се сметаше дека честите ноќни будења кај бебињата се нормални затоа што нивниот систем за варење е недоволно развиен за да може да прифати доволно храна за да може бебето да издржи цела ноќ без да биде нахрането. Но, едно ново истражување на Харвард постави интересна теорија, според која постојат добри изгледи дека причината се крие во еволуцијата.

Имено, се чини дека вашето мало плачливо ангелче е всушност мало плачливо себично ѓаволче што намерно ве буди ноќе за да ве спречи (вас, одителите) да направите уште едно такво како него, додека е тоа мало. Бебињата чувствуваат дека се многу ранливи и дека потполно зависат од родителите и, како што смета научничкиот тим од Харвард, не сакаат да го делат фокусот на вашето внимание/грижа со уште едно бебе, бидејќи инстинктивно чувствуваат дека може да им го загрози сопствениот опстанок и развој.

mom

Дополнително, ноќното плачење е само стратегија на малите мудреци за да предизвикаат и одржат замор кај мајката, со што ја одложуваат следната бременост. Проф. Дејвид Хаи истакнува дека бебињата во периодот од 6 месеци се будат дури и почесто од новороденчињата, а главната причина е што бебето наводно чувствува дека токму тогаш на мајката и се враќа плодноста и има шанси одново да затрудни.

Така, ноќното плачење на бебињата е само дел од природната селекција – нивното однесување директно влијае на мајчиниот сон и особено доењето, што значително ја одложува првата менструација по породувањето, како и новата бременост.

Во прилог на оваа теорија оди и фактот што интензивната грижа на мајката за детето е докажано поврзана со продолжената неплодност.

- Реклама -