По читањето на овој текст, ќе го спакувате куферот и ќе тргнете на море

Уште од дамнешни времиња, луѓето се запознаени со фактот дека морето има позитивен ефект врз здравјето.

Грчкиот научник Хипократ, чија заклетва докторите се уште ја даваат на почетокот на нивната кариера, има лекувано многу од неговите пациенти со вода богата со минерали. Модерната наука ги има потврдено неговите откритија, и денес ви претставуваме четири медицински причини зошто треба веднаш да одите на плажа и да се фрлите во морето.

Screenshot_1

1. Го зајакнува имунолошкиот систем

Морската вода е полна со витамини, сол, аминокиселини и микро организми кои делуваат како природни антибиотици, и помагаат вашето тело да се избори против штетните бактерии. Со дишење на морскиот воздух негативно наелектризираните јони ќе влезат во вашето тело, кои се исто така важни за одбраната на организмот. Исто така, пливањето ќе ги рашири порите на кожата, кое пак ќе го забрза исфрлањето на отровите од оганизмот.

2. Ја зголемува циркулацијата

Пливањето во голема мера придонесува за квалитетот на циркулаторниот систем, и топлата морска вода може да ги замени минералите изгубени со стресот, лошата исхрана и загадувањето на околината.

3. Го балансира телото

Кога пливате во морето, вашето тело почнува да се лекува самото себеси, намалувајќи ги симптомите на болестите како астма, артритис, бронхитис и инфекција или воспаление. Водата богата со магнезиум ги релаксира мускулите и има позитивен ефект на квалитетот на спиењето, што придонесува до ментална стабилност и добро расположение.

girl-walking-on-the-beach-at-sunset-600x375

4. Ја лекува кожата

Горенаведениот магнезиум во морската вода помага во хидратацијата и изгледот на вашата кожа. Исто така, ефикасен е во намалувањето на црвенилото и грубата кожа, но луѓето кои страдаат од дерматолошки проблеми се препорачува да не поминуваат долго време во морето.

- Реклама -