На сила е законската регулатива за издавање на зелен картон со важност од еден месец, кој чини 30 евра.
Останува и можноста за зелен картон со рок од една година, кој чини 60 евра.
Националното биро за осигурување објави дека ќе може да се набави зелен картон за еден месец за цена од 30 евра. Имено, дел од граѓаните кои веќе ги посетиле осигурителните компании во земјава, велат дека нивните вработени самите им ја понудиле опцијата дека може да се извади и месечен зелен картон за 30 евра, или 1.800 денари во денарска противредност, покрај можноста да се набави и зелен картон на една година. Ова е одлука на Владата по барање на граѓаните кои одат во странство еднаш годишно, па поисплатлив е месечниот картон, за разлика од оние кои патуваат почесто и кои најверојатно и натаму ќе го користат годишниот. Всушност, сопствениците на автомобили до 66 киловати ќе го купуваат месечниот картон за 30 евра, додека за тие што имаат патнички возила над оваа граница, зелениот картон е со цена од 50 евра. Останува на сила како напоменавме можноста за вадење зелен картон за една година чија цена е 60 евра за возила до 66kW, а за над овој лимит-90 евра.
Многумина калкулираа дека ќе се врати старата регулатива од 2011, кога зелен картон во траење од еден месец чинеше 2.450 денари (40 евра), за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за една година 9.760 денари (150 евра), што значи дека сепак новината е далеку поповолна.