Нисан постави нов светски рекорд во возење автомобил на две тркала.
The Goodwood Hillclimb Course не е најдолгата тркачка рута – само 1.86 километри, ама таа перцепија инстантно се менува кога ќе чуете дека некој успеал да ја извози на две тркала…
За таков подвиг, барем според досегашното искуство, мора да возите Nissan Juke RS Nismo и да се викате Тери Грант. Токму тој е човекот што го постави новиот рекорд од 2 минути и 10 секунди, рекорд што е дури за 35 секунди подобар од претходниот.
Знаевме дека нема да верувате, затоа еве ви видео: