Следниве неколку факти од сферата на популарната психологија се научно докажани и ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, а и другите. A
1. Од сите човечки сетила, сетилото за мирис е најтесно поврзано со мозокот.
2. За формирање на навика во просек се потребни 60 дена.
3. Со затворени очи полесно помниме информации.
4. Мозокот и стомакот во човечкиот организам се исто така тесно поврзани, па затоа некои емоции физички се одразуваат на стомакот, и тоа многу силно. Особено вознемиреноста.
5. Да ја љубиш сликата или претставата за даден човек и да го сакаш него самиот, таков каков што е, се две сосема различни работи.
6. Мечтите најјасно ги формулираме кога ги запишуваме.
7. Способноста да се размислува за тоа како мислиме, е знак за висока интелигенција.
8. Секој човек има три личности: оној кој тој мисли дека е, оној кој другите мислат дека е и оној кој реално е.
9. Мечтателите сонуваат многу почесто од сите други и почесто ги помнат соништата.
10. Семејството и блиските пријатели се најважниот фактор и извор на среќно детство.
11. Полесно ќе го победите соговорникот, особено при расправија, ако зборувате со тивок и мирен глас.
12. Луѓето кои знаат да се заблагодарат и го прават тоа искрено, се посреќни.
13. Ако редовно зборувате барем два јазика, прилично сте безбедни од Алцхајмерова болест.
14. Однесувањето на вљубените е слично на она на луѓето со нервно растројство.
15. Најефикасен метод за меморирање на информации е да правите 10-минутни паузи на секои 30-50 минути од работната сесија.
16. Најбрзиот и најефикасен начин за оформување на силна емотивна врска со некого е да пееш со него.
17. Пишувањето на чувствата на лист хартија, непосредно пред полагање на испит, помага во постигнување на подобар успех.
18. Редовната ненаспаност го зголемува ризикот од депресија.
19. Петте најчести кошмари се: паѓање, бегање, парализираност, доцнење и смрт на некој од блиските.
20. Луѓето носат побрзи одлуки кога им се оди во тоалет.