Младиот и суптилен вокал, кој во придружбата и пијано-аранжманите на „ветеранот“ – нема да ве остават рамнодушни! Тоа е глас што ќе остане запаметен на нашиве простори.
Уште еден доказ дека во нашата музичка сцена постојат квалитетни и профисионални музички групи е „Soul Shadows Band“, но повеќето ги знаат како „Oggie & Angela“. Бендот е составен од Огнен Стаматоски: клавијатури, гитари, и Ангела Јосифовска: вокал, а повремени соработници и членови се Владимир Дојчиновски, Анета Ристова, Жарко Стојановски, Данаил Дарковски.
Групата е основана на почетокот на 2014 година, а малку подоцна на 6 април 2014 година го имаат својот прв заеднички настап. Од тогаш, тие имаат преку 150 настапи, најголем дел во Македонија, но и неколку во Грција, Србија и други земји во регионот.
Тие дополнително ги разубаваат прекрасната евергрин-хитови и ја пренесуваат својата позитивана енергија со нивните фантастичните cover-верзии на некои од најголемите светски изведувачи. Имаат неколку стила кои ги негуваат: Македонски евергрини, преработени во сопствен аранжман, со примеси на Латино стилови, најдоброто од Екс-Ју: рок и поп балади (80-тите и 90-тите), но главни и омилени стилови за изведба им се Light & Smooth Jazz, Soul, R&B, contemporary Pop, Rock & Roll, Latin & Bossa Nova, Disco.
Да ги запознаеме од поблиску кариерите на Огнен и Ангела
Може слободно да се каже дека Огнен е доајен и „ветеран“ во македонската клупска сцена со повеќе-децениско искуство не само во Македонија, туку и надвор од неа, со настапи на територијата на цела поранешна Југославија, низ Европа, долги години настапува на Блискиот исток (Ирак, Кувајт и Бахреин), скоро цела деценија настапи во Англија, како и повремени настапи во Америка. И покрај тоа што поседува диплома од Архитектура (УКИМ, Скопје), Магистер е по менаџментски науки и Доктор на науки со специјалност – Социјална инклузија, завршува VI степен Музичка академија во Скопје, како и повеќе музички сесии, семинари и студии за Jazz и Contemporary music. Видно место на почетоците на неговата кариера се, пред се, настапите со легендарната група „Република 903“ како и LINOS, „Крвна група“ и други.
Сепак, љубовта кон модерниот израз, особено блузот, соулот, а пред се – џезот, практично го вшмукуваат во огромното пространство на џез-стандардите и филмската (забавна-џез) музика и ориентацијата кон врвните мајстори на пијаното како Оскар Питерсон, Каунт Бејзи, Дјук Елингтон, Херби Хенкок, Чик Корија и Џо Семпл, а со тоа, на некој начин, го оттргнуваат од настапите со бендови и големи оркестри и го насочуваат кон солистички настапи и настапи во дуо, евентуално, трио. Се паметат постојаните клупски настапи (70-сетите и 80-тите год од минатиот век) во култното кафуле, прво од таков вид во Скопје – „Бифе ПАРИЗ“, каде практично го трасираше автентичниот ПИЈАНО-ВОКАЛ стил што ќе стане синоним за многу генерации потоа, а е синоним и за настапите на дуото OGGIE & ANGELA.
Младата, а несекојдневно талентирана вокалистка, со префинет (т.н. „свилен“ или „баршунаст“) глас и автохтона боја, израз и суптилност во пеењето, пред Ангела е на повидок перспективна и блескава кариера, особено во вокалните изрази слични на оние на Randy Crawford, Sarah Vaughn, Ella Fitzgerald, Еми Вајнхаус и Бијонсе, па се до продорните вокали на Тина Тарнер. Идниот машински инжењер, т.е. индустриски дизајнер (УКИМ, Скопје), уште како мала го искажува својот талент на разни училишни и хорски настапи, како и на прочуеното „Златно Славејче“. Постојаната работа под будното око на својот „ментор“, О.С., од првата средба, па до денес, покажува голем напредок и видливи резултати, на големо задоволство на публиката од сите возрасти и области.
Младиот и суптилен вокал, кој во придружбата и пијано-аранжманите на „ветеранот“ – нема да ве остават рамнодушни! Тоа е глас што ќе остане запаметен на нашиве простори.
Дел од нивниот реперторар
Долга е листата на евергрин мелодиите, џез-стандардите, поп и рок нумерите кои ја одбележуваат денешнината, и тоа во распон од повеќе децении, почнувајќи од Fly me to the Moon, All of Me, This Masquarade, The Girl from Ipanema, Killing me Softly, Bessame Mucho, Let it Be, па преку „Еден бакнеж“, „Чија си“, „Ангели ме носат“, „Признавам“, „Лиду“, „Громови на душата“, „Неправда“, „Високи штикли“…., па се до најголемите денешни хитови: Counting Stars, Uptown funk, Get Lucky, Happy, Stay, Unbreak my heart, Simply the Best, Proud Marry, Bailando, Vivir mi vida.. и многу други.. При тоа, не заборавајќи ги Libar, Marina, Cesarica, Chuvam te, Jesen u meni, Kao kakao, Hajde da ludujemo, Mi pleshemo итн.
Долга е листата на места каде „Oggie & Angela“ имаат настапувано, а моментално најбаран и најатрактивен настап им е во реномираниот ресторан и хотел „Кањон Матка“.
Од Огнен Стаматовски и Ангела Јосифовска може да очекуваме нови преубави изведби на познатите евергрин песни, кои ги прават во студиото на еден од најпознатите македонски композитори, Григор Копров.
„Oggie & Angela“ дополнително ќе Ви ги разубават сите ваши возвишени настани, прослави, пригоди и значајни одбележувања. Изборот на музика ќе ги придвижи сите, од најмал до највозрасен, како што во народот се вели: „од 7 до 77“.