Падна седмица на НовоЛото 7/34.
50то коло кое се реализираше вчера на среќниот добитник му донесе 125.000 евра.
Ова е третата 7ка во 2015, а 11та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.
7ката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 (осум) комбинации, од кои добитна е 6тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари.
Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.
Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. 50тото коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа.
„Добитници ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас. Фондот за 7ка сега изнесува 100.000 евра/6.000.000 денари кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари. Играта НовоЛото 7/34 eсо право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа. “ – велат од Државна лотарија на Македонија.