Дали пената е течност или гас? Зошто не фаќа струја од допир на квака? Дознајте неколку ситници кои го чинат нашето секојдневие, а не можеме сосема да ги објасниме.
Што е пената?
Со пена се среќаваме секојдневно: безразлика дали сме пиеле кафе со шлаг или уживаме во топла купка, но ретко кој се запрашал што е пената воопшто. Дали е таа во цврста, гасовита или течна состојба? Професорот по физика Даглас Дуријан тврди дека 95 проценти од пената се во гасна состојба, додека останатиот дел е течен. Гасот од пената се одвојува од течниот дел и создава материја која се состои од мноштво меурчиња што ја одржуваат пената.
Зошто е мразот лизгав?
Со векови научниците се обидуваат да утврдат зошто тешко одржуваме рамнотежа на мраз. Поголем дел од нив се согласни во едно – на самата површина на ледот се создава тенок течен слој кој што создава лизгава подлога. Сепак, нема јасен одговор на прашањето зошто на мразот се создава ваков слој.
Зошто не фаќа струја од допир на предмети или луѓе?
Феномен кој е необјаслив исто колку што е и непријатен. Единственото што сигурно го знаеме е дека настанува кога ќе допреме нешто што го неутрализира позитивниот или негативниот електрицитет од површината на нашето тело. Но, зошто електрицитетот се акумулира? Вообичаено објаснување е тоа дека со допир на два предмети се трие електрицитетот, со тоа што електроните преминуваат од еден објект на друг. Зошто движењето на електроните не се случува и во двете насоки, засега не е познато.
Како настанува виножитото?
Кога сончевата светлина се рефлектира низ влагата која постои во атмосферата. Повеќе за виножитото дознајте ТУКА.
Како работи велосипедот?
Велосипеди има уште од почетокот на 19 век и главниот дизајн е променет малку за последните 200 години. Секогаш имаме две тркала, рамка, која ги поврзува, и управувач.
Можеби ќе помислите дека барем човекот кој го измислил велосипедот, знаел што прави, но ќе згрешите. Првите велосипеди биле измислени преку обиди и грешки, а не благодарение на научни процедури. Дури модерните дизајнери признаваат дека успехот на добриот дизајн се крие во интуицијата.
Што се случува кога ќе ги прашате научниците што точно го прави велосипедот стабилен? Или што го тера да се движи?
…
Сакате уште мистерии?
Прелистајте во продолжение…