Популарната социјална мрежа Фејсбук разви алгоритам кој може да идентификува одредена личност, дури и доколку нејзиното лице е прикриено. Компанијата на овој начин ја подобрила својата технологија за препознавање на ликови.
Алгоритамот е уште во експериментална фаза, и кога ќе започне да се користи ќе овозможи да се добиваат убедливи резултати.
Тие ќе можат да обработуваат и други елементи освен лицето, како што се фризурата, облеката, градбата, со цел да се постигне подобро препознавање на одредени лица.
Овој алгоритам засега бил испробан на 40.000 фотографии и покажал успех во 83 проценти од случаите. Лудо.