Компанијата „Нокиа“ го најави своето враќање на пазарот за мобилни телефони. Финскиот гигант, кој некогаш важеше за најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот, постигна договор со „Мајкрософт“ и најави дека повторно ќе започне со производство на мобилни телефони во 2016. година.
„ Мајкрософт“ го купи одделот за мобилни телефони на „Нокиа“ за 5,44 милијарди евра во 2013 година, откако финската компанија забележа пад во продажбата, што ја предизвикаа уредите на „Епл“. Меѓутоа, претседателот на „Мајкрософт“ Рајеев Сури изјави дека „Нокиа“ се враќа на пазарот за мобилни телефони, а по изјавата многумина почувствуваа носталгија па се присетија на феноменалната Нокоа 3210 и на тоа зошто ја сакаа толку многу.
Долготрајна батерија
Батеријата на „Ајфон“ во просек трае помалку од еден ден, а „Самсунг Галакси Ес 6“ не е ништо подобар. Меѓутоа, батеријата на „Нокиа 3210“ можеше да трае и до седум дена, па дури и подолго во зависност од користењето.
Не се расипуваше
Чест проблем кај денешните мобилни телефони е пукањето на екранот, но тоа не беше проблем за старите модели. Познатата Нокиа беше тешка 135 грама, а многумина се шегуваа дека може да преживее земјотрес и атомска бомба, а веројатно и двете во комбинација.
Наследник на моделот 3210 беше 3310, но беше подеднакво квалитетен и речиси неуништлив.
Различна боја на маските
Нокиа 3210 беше исклучително популарна и достапна во неколку бои, но беше можно и да се купат маски на различни теми.
Се сеќавате ли на „Змија“?
Популарната игра „Змија“ беше и тоа како „заразна“. Денес имаме многу модерни игри, но оваа игра не се заборава.
Интересно е тоа што овој модел се уште може да се купи по пат на онлајн огласи.