Летото во 2011 година. дваесет и седум годишниот Фостер Хантингтон ја напушти работата во Ralph Lauren, Њујорк и тргна во авантура, обиколувајќи го САД со караван.
Патувањето заедно со неговото семејство го носи во Вашингтон, крај реката Колумбија, каде решава да го изгради своето парче од рајот. За целта му помагаат неговите пријатели (на кои тој им плаќа за да работат на проектот).
Фостер го нарекува ова место “The Cinder Cone”. Истото се состои од неколку куќи изградени на дрвја и поврзани меѓу себе.
На плацот Фостер решава да направи и свој скејт парк и џакузи.
Хантингтон споделува со The New York Times зошто ја напуштил својата работа само по една и пол година:
“Се сеќавам како гледав слики од пилоти на оние мали авиони и си реков – и јас можам да правам слики. Не сакам да го поминам животот во градот. Сакам нешто различно. “
Фостер продолжува да работи како независен фотограф, но веќе е и претприемач, кој успеал да создаде сосема сам кариера. Дрвените куќички во кои Фостер веќе живее, се освен негов дом и позадина, на која се рекламира себе и својата работа. Мажот направил видео и дури напишал книга за својата “утопија” (“Bro-topia”, како што тој ја нарекува ), за да ги инспирира сонувачите да ги реализираат своите соништа.
Прочитај повеќе: Маж за секоја почит – Домот што го изградил за своето семејство