Имате ли претстава што е ова на сликата?

Бебе во миксер? Справа за мачење? Бебе-робот? Машина за правење бебиња? Што ли е ова, по ѓаволите?

Оваа фотографија е објавена на Reddit благодарение на корисникот Bretser. Како што раскажува тој, работел како хигиеничар во болница цели три години, постојано сретнувајќи се со оваа чудна машина, за која никогаш не дознал што е и за што се употребува.

„Секогаш кога ќе стигнев до одделот за рентген и радиологија, ќе налетав на оваа машина како седи оставена во ходникот, па морав да ја поместувам. Никогаш не видов некој да ја користи“.

mB0ecEtl[1]

Заблагодарете ни подоцна што ви го овозможуваме привилегираното право веднаш да разберете за што се работи, без да чекате три години. Ова на сликата е всушност машина за рентген за бебиња, а малото збунето човече на сликата всушност подлежи на медицински тестови, а не на некаков си вид тортура.

Патем, еден од коментарите вели:
„Дефинитивно ќе ја зачувам сликава за моментот кога мојата 8-годишна ќерка ќе ме праша од каде доаѓаат бебињата и како влегуваат во стомакот на мама. Ќе и речам: Види шеќерче, докторите го ставаат бебето во инката на врвот, а машината користејќи голем притисок, го компресира бебето и го инсертира во стомакот на идната мајка“.

Па ете, нешто поднаучивте, а добивте и по некоја идеја за во миговите кога ќе останете збунети пред детските прашања.

- Реклама -