Русија ќе спроведе истрага за слетувањето на Американците на Месечината

Односите меѓу САД и Русија се најдоа пред нов предизвик, откако Русија ги подгреа сомнежите што долго време фрлаа сенка на слетувањето на Месечината.

Според наодите на Московски Тајмс, главен фокус на истрагата ќе биде бришењето на оригиналните снимки од првото и последно слетување на Месечината во 1969-тата, како и постоењето и локацијата на чување на камените примероци донесени од природниот сателит на Земјата, собрани во текот на неколку мисии. Портпаролот на Истражниот комитет при руската влада, Владимир Маркин, наведува дека исчезнувањето на оригиналните снимки е прилично сомнително и дека таквата истрага би можела да открие нови сознанија околу историски најзначајното патување во вселената.

moonlanding

„Не тврдиме дека Американците не летаа до Месечината и направија филм за тоа. Но, сите научни, а можеби и културни артефакти се дел од наследството на целото човештвото и нивното исчезнување е заеднички губиток. Истрагата ќе покаже што се случило“, вели Маркин.

Во 2009-тата, НАСА наведе дека избришала околу 200.000 оригинални снимки, меѓу кои и оние од слетувањето на Месечината, наводно поради мерките за штедење. Сепак, како што се правдаа од Американската вселенска агенција, успеале да дојдат до копии од снимките, благодарение на архивата на ТВ станицата Си-Би-Ес и слични извори, копии кои наводно се со подобар квалитет од оригиналите.

Прочитајте и:  Во Вашингтон најавен протестен марш пред инаугурацијата на Трамп

Се разбира, тоа само ги подгреа старите и веќе смирени сомнежи околу целото слетување на Месечината, исто како што тоа е случај и сега кога Русија се приклучува на прилично силниот скептицизам.

conspiracies-tv-show-moon-landing-small-64512[1]

Во своја одбрана, НАСА потсетува дека најдобар доказ се донесените месечеви камења со уникатен состав, кој се разликува од оној на Земјата во многу аспекти.

Од друга страна, некои аналитичари пак, сметаат дека рускиот интерес за избришаните оригинали од слетувањето на Месечината се всушност одговор на Кремљ кон мешањето на американското правосудство во работата на ФИФА и заканите дека Русија ќе остане без домаќинство на светското првенство во фудбал во 2018-та.

Сеедно, доколку се спроведе ветеното, руската истрага ќе биде во најмала рака интересна за следење, а можеби и ќе открие нешто за што долго време се сомневавме.

- Реклама -