10 митови околу перењето на автомобилот

Возачите сакаат да мислат дека се експерти и дека знаат што е најдобро кога се работи за автомобилите, особено нивниот. Па така, од возач на возач, од генерација на генерација, се пренесуваат добар дел вистини, ама и добар дел митови околу негувањето на омилените машини. Еве неколку такви, не баш аргументирани совети околу перењето на автомобилите:

 

10. Чистите автомобили привлекуваат помалку полициско внимание

Всушност, вистината е дека заинтересираноста на полицијата најмногу зависи од моделот и бојата на автомобилот што го возите, а се разбира, и од видливите неправилности во вашето управување со истиот.

 

9. Новата боја треба да отстои барем неколку седмици пред да го исперете автомобилот

1303218772612230503[1]

Автомобилската боја се пече во фабрика и поминува доста време во транспорт, пред да стигне до автомобилските сервиси. А таму, ќе ја исперат колата при првата можна прилика, без разлика колку скоро била префарбана.

 

8. Во ред е да користите средства за миење садови кога го перете автомобилот

Всушност, средствата за садови се добри само кога сакате да го отстраните вишокот средство за полирање, во случај да сте го полирале автомобилот. Во секој друг случај, користење на вакви средства е лоша идеја.

 

7. Дождот ќе го измие

Driving-Rain-Florida[1]

За дождот солидно да го испере автомобилот наместо вас, постојат два предуслова: 1. Дождовната вода да е доволно чиста и 2. Да возите доволно брзо. Вистината е дека дождот, особено во градските средини, не може да ја достигне таа чистота, исто како што и вашиот автомобил веројатно не може да постигне доволна брзина.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

 

6. Нема потреба од полирање

Всушност, има, ако сакате да создадете физичка бариера помеѓу мајката природа и чистата површина на каросеријата.

 

5. Миењето на моторот ќе упропасти сé

Не е вистина, сé додека ги заштитите вистинските делови и го загреете моторот по миењето.

 

4. Нечистотијата и правта ја штитат бојата

1303218772806980711[1]

Звучи премногу лесно и добро за да биде вистинито. И не е. Нечистотијата всушност ја забрзува корозијата.

 

3. Внатрешноста на автомобилите е отпорна на перење под силен млаз

Тешко, освен ако не зборуваме за целосно опремено офроуд 4×4 возило.

 

2. Чистите автомобили имаат помала потрошувачка

Точно е дека нечистотијата го зголемува воздушниот отпор и го прави автомобилот потежок, што резултира со поголема потрошувачка. По оваа логика, чистиот автомобил заштедува на гориво. Но, вистината е дека разликата во овие два случаи е толку мала и незначајна, што тешко може да се употреби како аргумент.

 

1. Птиците преферираат „да се олеснат“ врз чист автомобил

Всушност, сеедно им е. Вие сте тие што преферирате да се паркирате под некое дрво. Згора на тоа, изметот од птиците е повеќе видлив кога е распослан на сјајни (чисти) површини.

- Реклама -