Убава како мама

Многу жени сонуваат за ќерка, на која ќе можат да и сплетат плетенка, да и купат фустан, да готват заедно и да се огледуваат пред огледалото.

Најблиската врска во секое семејство е врската мајка-ќерка. Тоа е еден однос, кој поминува низ многу успеси и падови во текот на развојот, како возење на луда железница.

Мајката треба да влегува во повеќе улоги, од негувателка до учителка, а некаде на средината се наоѓа и улогата пријателка. Навистина е голем предизвик за секоја жена да најде баланс и да биде едновремено и добра мајка и добра пријателка. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Не ги избегнувајте табу темите. Мајките отворено треба да зборуваат со своите ќерки за сите теми како секс, љубов, дрога. Обично овие теми се избегнуваат, затоа што многу мајки не знаат како правилно да им пристапат на своите деца. Не треба да ја поддржувате вашата ќерка во нејзините лудории, туку да ја едуцирате на овие теми.

Не критикувајте. Ако започнете со критикување, бидете сигурни дека вашата ќерка повеќе нема да ви се обрати кога ќе има проблем. Ислушајте ја и потоа советувајте ја, посочувајќи го најдобриот начин да го реши проблемот.

Набљудувајте кои се нејзините интереси. Бидете љубопитни каква музика слуша, кои се нејзините омилени автори и филмови. Собирајќи повеќе информација за интересите на вашата ќерка, вие ќе можете полесно да ѝ се приближите и да најдете повеќе теми за разговор.

Прочитајте и:  Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот (ВИДЕО)

Бидете подготвени за нејзините пријатели. Кога знаете дека вашата ќерка има гости, не дозволувајте да имате несреден изглед. Ако сте пригодно облечени и со средена коса, вашата ќерка ќе се гордее што сте ѝ мајка. Бидете „кул“ мајка и одете понекогаш да поразговарате со нејзиното друштво, но само ако не ѝ смета тоа. Покажете ја вашата смисла за хумор и фрлете еден-два совети пред да излезете.

Еднаш неделно излегувајте само вие двете. Изберете си еден ден во неделата во кој ќе правите нешто заедно. Можете да посетите театар заедно или да седнете на пица.

Поставете граници. Колку и да сакате да бидете најдобра пријателка за вашата ќерка, сепак вие ѝ сте мајка. Тоа значи да поставите јасни граници. Ако се поставите како пријателка, нема да можете да бидете строги кога тоа ќе биде потребно, затоа што ќе сакате да избегнете кавга. Поставете си граница до која ќе се зближувате и оставете малку простор за строгост и дисциплина.

Споделуваме семејни фотографии од неколку жени чиј што сон се остварил. Бидете дел од нивната слатка приказна.

- Реклама -