Топ верзија на новата генерација на хечбекот Peugeot 308 развива 270 КЅ и го носи култното име GTi, а може да се нарача и во поумерена верзија – со 250 КЅ.
Новиот Peugeot 308 GTi доби сеопфатен бодикит, изработен во стилот на познатиот 308 GT. Тука сепак дизајнот е поагресивен, демонстрира поголеми отвори за воздух, различни браници, заден дифузор, а издувниот систем е со две крајни цевки. Ентериерот е изработен во спортски дух и нуди поинаква атмосфера, а кај најмоќната модификација се достапни тркачки седишта со тапацир од алкантара.
Моделот е управуван од 1,6-литарски турбо мотор на францускиот производител, кој кај 308 GTi се нуди во две верзии. Основната генерира 250 КЅ, а кај моќната показателот е зголемен до 270 КЅ. И двете модификации располагаат со вртежен момент од 330 Nm, кој се пренесува на предните тркала преку рачна трансмисија со 6 брзини.
Новиот 308 GTi има вкупна маса од 1.205 килограми, а верзијата со 250 КЅ забрзува од 0 до 100 km/h за 6,2 секунди. Моделот Peugeot 308 GTi 270 го прави истото со 0,2 секунди побрзо, a исто така располага со Torsen диференцијал со ограничено лизгање. И кај двете верзии моторот ги покрива нормите на Евро 6, нудејќи просечна потрошувачка од 6,0 литри на 100 километри.
Спортскиот модел е опремен со суспензија, редуктивно тежиште за 11 mm во однос на серискиот 308. Различен е исто така управувачот, а и системот за сопирање. Освен тоа возачот има можност за целосно исклучување на системот ESP. Продажбата на новиот Peugeot 308 GTi ќе започне оваа есен, кога ќе станат јасни и цените.