Некои би рекле дека денешната технологија секогаш е на тенка ивица меѓу уметничката нежност и технолошката грубост.
Но, ова е една уметничка инсталација која ја прикажува нежната страна на технологијата – и тоа, буквално.
И додека повеќето се фрлаат врз крзнените топки и се тркалаат по нив, Даниел Розин, уметник со големи амбиции и идеи, одлучи да направи интерактивно огледало со помош на вештачки крзнени топки и минијатурни мотори.
На врвот на огледалото се наоѓа супер сензор кој ги следи движењата на набљудувачите и во таа прилика ја врти темната страна на крзнените топки. Резултатот е повеќе од забавен.