Сместувањето на градинка во зграда на старечки дом, го променило животот на двете генерации

Во Сиетл, во американската држава Вашингтон, се наоѓа интересен спој на дом за стари лица и детска градинка. Во него се поттикнува интеракцијата на старите лица со петгодишни деца, а ваквото дружење ги менува животите на двете генерации.
Во домот за стари лица живеат околу 400 луѓе, од кои некои се во колички и тешко болни. Сепак, разнновидните активности кои во текот на денот ги уживаат со децата имаат голема корист како за едните, така и за другите.

1

Оваа програма им овозможува на децата да учат за нормалниот и неизбежен процес на стареење, да ги прифатат луѓето со инвадилитет, како и да престанат да се плашат од старите лица. Од друга страна, бабите и дедовците од домот, кои често се чувствуваат изолирано и напуштено поради своите години, добиваат безгранична љубов и внимание.

2

Поразувачки е фактот што дури 43 стари лица во светот се чувствуваат осамено и изолирано, како и тоа дека менталната состојба може да прерасне во сериозна болест и депресија. Во оваа програма, децата и старите лица заедно си играат, зборуваат и едноставно се дружат. Децата имаат можност да научат многу од нив, а старите имаат можност да ја почувствуваат радоста на животот и младоста која честопати се заборава.

Во овој дом никогаш не е здодевно, постојано се слуша музика, џагор и смеа.

3

„ Постои само еден момент да бидете среќни, а тој момент е сега“, порачуваат од домот.

Погледнете како изгледа овој интересен спој на генерации.

- Реклама -