Избистрете ја главата: Тест од неколку провокативни прашања

Ќе ве поттикнат да се замислите над својот живот и да превземете контрола.
Додека секојдневно размислувате за тековните финансиски проблеми, проблемите во домот и на работното место, за своето незадоволство, борбата со килограмите или начинот на исхрана, разбијте ја монотонијата и одговорете на следните неколку прашања.

Некои од нив се провокативни и ќе ве наведат да се замислите.

Одговарајте брзо:

1. Кога би добиле можност да се обратите кон целиот свет во 30 секунди, што би рекле?

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак морате да работите, со што би се занимавале?

3. За што најмногу жалите во животот, до сега?

4. Како би можеле да ја примените таа лекција, ДЕНЕСКА?

5. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, имате ли причина за стравот?

6. Да речеме дека утре ќе изгубите се што имате? Кому би му се впуштиле во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?

7. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?

8. Да речеме дека сте пред вратите на рајот и Бог ве прашува „ Зошто да те пуштам внатре“, што би му одговориле?

foto

9. Кога ќе бидете доволно добри самите за себе? Што треба да се случи за сосема да се прифатите?

10. Дали земјата во која што живеете е земја по ваша мерка?

11. Што би зборувале луѓето за вас на вашиот погреб?

12. Што би промениле кога би дознале дека Бог не постои? Или, ако не верувате во него, што би промениле, ако дознаете дека проверено постои?

13. Треба да умрете на полноќ. Што би направиле во 23.45 часот?

14. Што мислите дека стои меѓу вас и вашата среќа?

15. Што можете да направите денеска, за да разубавите нечиј ден?

 

Не е лошо одвреме на време да се потсетите на овие прашања.

- Реклама -