Во Британија повеќе од 30.000 луѓе потпишале петиција со која се бара забрана за дупчење на ушите на најмладите.
Кампањата ја започнала Сузан Инграм која идејата ја објавила првично на сајтот 38 Degrees. Инграм вели дека овој изопачен чин е еден вид на злоставување и поради тоа таа бара да се донесе нов закон кој би го регулирал овој проблем.
Покрај свој сајт, Играм направила и група на „Фејсбук“
– Толку болка и страв кај новороденчињата не може ништо да оправда. Важно е да се донесе ваков закон поради децата. Меѓудругото, слични облици на злоставување се илегални, зошто ова да биде исклучок? вели Инграм.
Овој случај, дошол набрзо и до значајни британски адвокати, меѓу кои е Марк Тами, еден од членовите на Британскиот парламент и член на Лабуристичката партија.
Тој за The Guardian изјави дека поддржува да се покрене ваква постапка.
– Прашањето е која доба е граница? Секако дека бебето или малото дете немаат можност да го искажат своето мислење за дупчење на ушите. Кога би било дозволено тетовирање на деца, веројатно сите би останале згрозени, но бушењето на делови од телото не е дотолку поразлично, истакна тој.
Сепак, здравствен факт е дека бебињата не чувствуваат болка, па ни дупчењето не ги боли, затоа многу родители се одлучуваат на овој чин додека децата се мали, бидејќи подоцна нема ни да паметат.
Што мислите вие на оваа тема?