Комарците се сигурно едни од најнепријатните појави во летниот период. Освен што можете да се ослободите од нив со помош на разни препарати купени од продавници или аптеки, постојат и природни начини кои ќе ви помогнат во оваа цел.
Судејќи според видеото подолу, ова е еден од поедноставните начини за да ги заробите комарците. Се што ви е потребно е пластично шише, топла вода, кафеав шеќер и квасец, а авторот на видеото тврди дека овој трик можете да го направите насекаде.
Тајната е во тоа што комарците се привлечени од мирисите на овие состојки, а откако ќе влезат во боцата нема да успеат повторно да излезат.