Реми Гилард е француски комичар кој со својот бизарен хумор успеа да го привлече вниманието на целиот свет. Тој често ја преминува границата на нормалата, поради што многумина често се запрашуваат како досега не влегол во некаков посериозен проблем.
Во неговото најново видео, Реми е во улога на здодевно куче, кое ги излудува случајните минувачи, играчи на голф и луѓе кои само сакаат да се релаксираат на плажа. Што мислите, како би поминал доколку се обидеше вакво видео да сними во Македонија?