Сакате да носите високи потпетици, но не можете долго да издржите? Имаме решение

Како да носите обувки со висока потпетица, а притоа да избегнете непријатност  и болка во нозете, е едно од клучните женски прашања кога станува збор за модата.
Веќе сигурно знаете дека силиконските влошки за обувките на висока потпетица помагаат многу. Направени од силиконски гел, се ставаат во предниот дел на обувките за ногата да не се лизга кон напред и да избегнете рани по нозете. Исто така, можете да ставите и спреј на стапалата за да не се лизгаат.

Меѓутоа, ние ви предлагаме нешто друго.

На вашите маки им дојде крај бидејќи решението и тоа како постои.

Се работи за трик за кој што ви е потребен фластер или медицински селотејп.

Залепете, односно спојте ги третиот и четвртиот прст со фластер или медицински селотејп и подгответе се за излегување.

Зошто делува ова?

Овој трик е втемелен на медицинска теорија – измеѓу двата погоре споменати прсти се крие живец кој ја создава болката во нозете.

Кога прстите се лепат, помал е притисокот врз тој живец што резултира со лесно поднесување на високите потпетици.

Нормално, немојте да го изведувате трикот ако имате отворени обувки и во никој случај немојте премногу цврсто да ги лепите прстите.

 

- Реклама -