Телевизиската реклама на британската компанија John Lewis ја покажува современата жена во сите типични ситуации од животот.
Видеото се одликува со исклучително професионална режија. Истото го следи растењето на среќната модерна жена од мало девојче до постара домаќинка.
Со прикажаните ситуации од животниот пат на жената, британскиот производител на облека, апарати за домаќинството, мебел и козметика John Lewis нагласува дека има врска со клиентите, која трае цел живот.
Рекламирањето на John Lewis го промовира ветувањето за квалитет, со тоа што пренесува порака дека производите на брендот никогаш нема да бидат свесно продадени на пониска од реалната цена (never knowingly undersold).
Спотот успева во рамките на минута и пол да ги рекреира сите традиционални моменти во животот на жената и истовремено да направи непречена и разбирлива транзиција меѓу заплетот.