Науката ја објаснува тајната на мрзеливоста

Сите сме имале денови кога не мрзело да се поместиме од креветот и да се зафатиме со рутински обврски. Но, зошто некои луѓе се помрзливи од други? Има ли ген кој нè тера да останеме закотвени во една позиција, притоа, гледајќи во една точка?

АSAP Science објаснува:

Еволуцијата ги прилагодила  мозоците и нашите тела да одговараат позитивно на основните потреби – храна, секс, дури и вежбање. Да, вежбање. Задоволството што го чувствуваме, доаѓа главно од допаминскиот систем во нашиот мозок, кој ги пренесува овие пораки кон целото тело и на крајот служи за да обезбеди опстанок на видот.

За многу луѓе задоволството од вежбите може да стане толку голема зависност колку храната и сексот. Но, иако сите сакаме храна и секс, многу луѓе имаат проблем со желбата за физичка активност, иако игра важна биолошка улога.

Научниците, спроведувале истражувања врз глувци, врз база на кои што откриле интересна генетска зависност. Тие сфатиле дека глувците се разделиле на две групи – оние кои избирале повеќе да трчаат на тркалото, и такви кои решавале да не трчаат толку. Имено, разликата била очигледна во нивното потомство. По 10 генерации првите глувци трчале на тркалото 75% почесто од другата група, а по 16 генерации тие истрчале по 7 милји на ден во споредба со вообичаените 4 милји.

mousewheel

Изгледа нивната мотивација за физичка активност била генетска. Сите наследуваат од своите родители гени кои играат клучна улога во развојот на мозокот – некои од нив можат да не натераат да копнееме за активност. Мозоците на „атлетските“ глувци имале поголем допамински систем и зони, кои се одговорни за мотивацијата и наградувањето. Тие имале вродена потреба од активност. Инаку нивните мозоци реагирале како на наркотични зависници кои се лишени од кокаин или никотин. Така станале генетски зависници од трчањето.

Наследувањето на гените е поврзано со различни карактерни црти – од импулсивност до склоност кон одложување, работна етика и типична мрзеливост. Излегува дека мрзеливоста за физичка активност може да е поврзана со „генот на издржувањето“ – или поточно на мутација во нормален ген кој го регулира нивото на активност. Овој ген е одговорен за одреден тип допамински рецептор. Без него ќе сакате да седите и да имате помалку работа од оние кои имаат правилно функционирање на генот.

Вистината е дека желбата да сте активни може и да не зависи целосно од вас, но постојат и бројни фактори кои играат улога во тоа, што значи дека не сте осудени на мрзлив живот. Иако промените може да бидат многу тешки за некои, знаењето е моќ. Ако мислите дека сте генетски мрзливи, станете од каучот и изборете се со ДНК-то. Најпосле, мозокот ќе ве награди.

- Реклама -