Италијанската компанија Фиат го претстави новиот компактен ван 500L, но најави и како ќе изгледа компактниот кросовер 500Х, кој треба да излезе на пазарот како главен конкурент на MINI Countryman.
Од Фиат не даваат никакви детали за 500X, освен дека тој е на платформата на Punto, на која е и ванот 500L. Идниот модел ќе го замени Sedici на пазарот, а производството ќе започне на крајот на 2013 година, во фабриката на концернот во Торино. Се очекува 500X, чија основна модификација ќе биде само со преден погон, но ќе има и опција за 4х4, да ги користи истите мотори кои ќе ги има и 500L.
За него Фиат открија повеќе детали. Тој ќе излезе на пазарот во октомври 2012 година, иако првите нарачки веќе се прифаќаат.Компактниот ван ќе им конкурира на Opel Meriva и Ford B-MAX, а димензиите му се 4140 милиметри должина, 1780 ширина и 1660 милиметри висина. Според инженерите од Фиат, автомобилот спокојно може да собере 5 патници со 5 куфери, бидејќи има багажник со волумен од 400 литри.
Во Европа ванот ќе се нуди со три мотори. Тоа се 0.9 литарски, 2,0 литарскиот турбомотор TwinAir со моќност од 104 КС, 1.4 атмосферски со 90 КС и 1.3 турбодизел со 84 КС. Во подоцнежна фаза ќе се појави и TwinAir, кој ќе работи на природен гас.
Новиот Fiat 500L ќе се произведува во фабриката во Крагуевац, а предвидувањата се 100.000 примероци годишно. Во истата компанија, во подоцнежна фаза ќе се склопува и верзија со седум седишта, која ќе е биде наменета најмногу за пазарот во САД.
Објавено во соработка со Авто Плус.