Алтернатива за атомските бомби во Втора Светска Војна

лилјациПо приклучувањето на Соединетите Американски Држави во Втората Светска Војна, на американските генерали брзо им станало јасно дека за да ја завршат војната ќе мораат да извршат инвазија на Јапонија. Проблемот е што како островска земја Јапонија е релативно добро заштитена од инвазија, па прв чекор кон инвазијата станало кршењето на моралот на јапонскиот народ.

По приклучувањето на Соединетите Американски Држави во Втората Светска Војна, на американските генерали брзо им станало јасно дека за да ја завршат војната ќе мораат да извршат инвазија на Јапонија. Проблемот е што како островска земја Јапонија е релативно добро заштитена од инвазија, па прв чекор кон инвазијата станало кршењето на моралот на јапонскиот народ.

лилјаци бомби

Од моментот кога успеале да направат писти доволно блиску до Јапонија, САД започнале со стратешко бомбардирање на цели од воена важност. Како и во Европа цел на бомбардерите биле индустриски комплекси, пристаништа, патишта и пруги. Но, одговорните брзо дошле до заклучок дека е потребно нешто повеќе за да се скрши моралот на народ кој бил подготвен да направи сè за својот император. Проектот Менхетен бил започнат со цел да се создаде првата атомска бомба во светот, но тоа не било единствената опција.

Проектот Адамс бил започнат за да се развие идејата на стоматологот Литл С. Адамс од Филаделфија. Неговата идеја била едноставна, прицврстување на мали запаливи бомби на телата на лилјаци кои потоа ќе бидат ослободени над Јапонија. Стоматологот до оваа идеја кога забележал како илјадници лилјаци излегуваат од пештера за нивниот ноќен лов. Тој им се обратил на политичарите во Вашингтон, и претседателот Рузвелт не само што ја одобрил идејата, туку Армијата и Морнарицата почнале активно да работат на развивање на работен план. Планот бил изграден врз основа на четири претпоставки. Прво, во пештерите имало милиони лилјаци, што значи дека имало достапност до голема количина на „материјал“. Второ, лилјаците ги носат своите малечки, некогаш дури и по две, па можат да носат тежина. Трето, тие хибернираат, период во кој не им треба храна. Четврто, се кријат во мрачни места преку ден.

лилјаци бомби

Идејата било да се земе една голема бомба, која ќе има дупки на површината за да може да влегува воздух, и да се наполни со 26 фиоки со лилјаци кои ќе бидат заспани преку снижување на нивната телесна температура (во основа, лилјаците биле чувани во фрижидери), секој лилјак би имал мала запалива бомба хируршки прицврстена на нивните стомаци. Секоја фиока требало да содржи по 40 лилјаци, со по 17 до 28 грама напалм. Бомбата би била ослободена врз целта, по што би се отворил падобран кој ќе го забави падот, надворешната школка требало да се отвори за сонцето да ги загрее и разбуди лилјаците кои веднаш би почнале да бараат место за криење, како таваните на јапонските куќи. По одредено време, запаливите бомби би се запалиле и би започнале пожар во куќите и зградите во кои се скриле лилјаците.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

На оваа идеја биле потрошени 2 милиони американски долари, но и покрај успешните тестови, кога станало јасно дека нема оружјето нема да биде готово до средината на 1945 година, проектот бил откажан, а атомската бомба била одбрана за употреба. Литл С. Адамс не бил задоволен од изборот и бил уверен дека неговата бомба би била ефикасна, но далеку помалку смртоносна од атомската бомба. Тој изјавил: „Замислете илјадници истовремени пожари во радиус од 60 ккилометри. Јапонија ќе беше уништена, но многу малку животи ќе беа загубени.“

- Реклама -