Во 1972 година, Џон Ленон, добил писмо од млад Индиец. Тој му напишал дека неговиот сон е да патува околу светот, но не може да успее да го реализира бидејќи нема пари.
Воедно, младиот човек побарал од Ленон да му ја испрати потребната сума.
– Медитирај. Тогаш ќе можеш да го видиш светот во својата фантазија, го советуваше Ленон во неговиот одговор.
Многу години подоцна Индиецот сепак успеа да го реализира неговиот сон. Во 1995 година тој го продаде на аукција писмото на Ленон и го доби потребниот износ, за да замине на саканото патување.