Ја прочитавте книгата? Сега засадете ја и почекајте да порасне дрво

Книгата е направена од хартија која не содржи отрови.

Кога децата во Аргентина ќе завршат со читање на книгата “Mi Papá Estuvo en la Selva” (мојот татко бил во џунглата), можат да ја засадат и од неа да изникне дрво.

Книгата која е наменета за деца од осум до 12 години, раскажува приказна за мало момче кое ги прераскажува авантурите на неговиот татко во џунглата.

kniga1

Таа е меѓу првите книги во кампањата „Tree Book Tree“, која ја покрена издавачката куќа “Pequeno”, која се занимава со издавање на детски книги во Аргентина. Целта на компанијата е на едноставен начин да демонтрира како производите од хартија влијаат на опкружувањето.

kniga2

Книгата е направена рачно од хартија што не содржи отрови. Таа е направена од еколошко мастило и од семе од дрво жакаранда, кое треба да никне во моментот кога ќе се засади книгата. Во книжарите во Аргентина можат да се видат засадени примери од оваа книга.

Се надеваме дека истата ќе стигне и кај нас.

Прочитајте за уште еден генијален и магичен дизајн во продолжение: Прво молив, па растение

- Реклама -