Пред околу два века американскиот психолог Џозеф Џастроу наслика една мала чудна глава на животно.
Таа е вклучена во најновата епизода на BrianCraft која што можете да ја видите подолу. Црно-белата скица може да биде разгледана како глава на патка или зајак, во зависност од тоа како ја толкувате организацијата на линиите, пишува Science Alert.
Сликата овозможува да биде интерпретирана на два различни начини, но никогаш истовремено. Освен тоа еден човек може да „префрли“ меѓу двете слики со ментален напор.
„Но, го гледате ли истото што и јас”, прашува Ванеса Хил. И додека сме на истата тема, ги гледате ли боите на ист начин на кој што ги гледаат и другите?
Во неодамнешна студија група научници побараа помош од неколку волонтери да одредат кој од двата портокалови кругови, познати како илузија на Ебингхаус (на сликата погоре), е поголем. Со помош на функционална магнетна резонантна томографија истражувачите го набљудуваат визуелниот кортекс на учесниците – оној дел од мозокот одговорен за обработката на визуелна информација – додека тие интерпретираат едноставна илузија. Авторите на студијата откриваат дека колку поголем е визуелниот кортекс, толку полесно се утврдува вистинската големина на портокаловиот круг. Овој резултат е добиен и во неколку други вежби поврзани со оптички илузии. Зошто големината на еден дел од мозокот ни одредува колку лесно се лажеме на слични илузии? Веројатно има нешто заедничко со концентрацијата на „хемиски гласници“ во визуелниот кортекс, објаснува Ванеса во видеото погоре. Но можеби е дури покомплицирано од тоа. Други студии покажуваат дека ефикасноста на една оптичка илузија е различна кај луѓето со аутизам или од други култури. И, верувале или не, периодот од годината исто така влијае на тоа како гледаме некоја илузија.
Прочитај повеќе: Забавна оптичка илузија што ќе ви ја разобличи тастатурата