Многу жени се соочуваат со проблемот на несакани влакна на лицето, кој може да биде многу иритирачки и проблем за нивната самодоверба.
Затоа, повеќето жени користат разни опции како депилација, избелување или дури и бричење со цел да се ослободат од несаканите влакна. Ласерското отсранување е исто така опција, но не секој може да си го дозволи тоа. За среќа, постои природно решение за овој проблем, кој жените од Блискиот Исток го користат со векови. Тоа е многу ефикасно и можете да го направите и вие дома.
Тоа е мешавина која не само што ги отстранува влакната, тоа, исто така, ја измазнува кожата и ја прави вашата кожа да изгледа здраво и сјајно. Состојките на мешавината се полни со витамини, минерали и антиоксиданси.
Секоја жена треба да обрне доволно внимание на нега на кожата, бидејќи кожата е најголемиот орган на телото и тоа што ќе го нанесете на вашата кожа оди директно во крвотокот.
Состојки:
1 лажица од овесна каша
2 лажици сок од лимон
3 лажици мед
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на областа каде сакате да ги отстраните влакната. Оставете да стои 15 минути, и потоа измијте со топла вода. Потоа, нанесете крем за лице. Оваа постапка треба да ја повторите 2-3 пати во една недела. По еден месец, ќе бидете изненадени од резултатите. Влакната целосно ќе исчезнат.
2. Древен руски рецепт за трајна депилација
Постапка и подготовка на рецептот:
Соберете неколку лушпи од ореви (не кората), исушете ги и запалете, па добиената пепел прелејте ја со вода, така што ќе создадете смеса како крема или паста.
Оставете ја да отстои 12 часа, а потоа натопете памук во смесата и тапкајте по деловите од телото, од кои што сакате да отраните влакна.
Потребно е да ја повторите постапката повеќе пати дневно ( на пример 3 пати) се додека не воочите резултати, а уште поефективно е, смесата да ја држите 30 минути дневно како облога.
Добро измијте го местото после тоа.
Влакната ќе растат сè помалку и поретко.