Volkswagen имал „свое Mini“ уште пред шест децени?!

Станува збор за прототип EA48, кој за разлика од Mini не е со попречно поставен мотор, а во исто време со мали димензии и со погон на предните тркала.

Целата негова конструкција неверојатно личи на британското возило, кое излегува две години подоцна.

 

До почетокот на 70-тите години на минатиот век, кога излегува бестселерот Golf, во Volkswagen секогаш се залагале за шемата „заден погон и со располагање на моторот позади”. Излегува дека, сепак, првиот развиен целосно од компанијата автомобил (ги исклучуваме дериватите на Beetle, со кој Фердинанд Порше бил значително пред другите дизајнери) всушност е со преден погон и со мотор поставен напред. А уште поинтересно е дека тој доста се доближува до идниот во тоа време Mini.

Проектот започнач откако во Volkswagen сфаќаат дека имаат потреба од автомобил, кој требало да има понизок статус од Beetle, нешто што во овој момент се чини сосема незамисливо. Сепак Beetle успева да постигне револуција во автомобилската индустрија, бидејќи е максимално поедноставен и ефтин. Прототипот VW EA48 добива половина од 4-цилиндерскиот боксер на Beetle или кажано на друг начин, мотор со 2 цилиндри и зафатнина од 700 кубни сантиметри. Неговата моќ е 19 КЅ, а со параметрите, дизајнот и големината потсетува на агрегатот на Citroen 2CV од оваа ера, што сугерира дека во Volkswagen очигледно го сметале францускиот автомобил за свој главен конкурент.

На изглед EA48 исто така се разликува од автомобилите на брендот. Тој нема задни стакла, а причините се финансиски и со цел да се камуфлира (компанијата немала тест патека и ги тестира моделите пред публика). Целта била машината да биде колку што е можно поевтина, па конструкторите се лишуваат од дополнителни трошоци.

Предната суспензија на моделот е McPherson, што е создадена 4 години порано во САД и неговото појавување кај EA48 всушност претставува деби во автомобил со преден погон и напред лоциран мотор. Општо земено конструкцијата на машината е дело на инженери, кој работеле порано во Lloyd – компанија со огромно искуство во правење на компактни машини со преден погон.

На крајот модел е „убиен“ од Владата на Германија. Министерот за економија во тоа време, Лудвиг Ерхарт, го предупредува Volkswagen дека влегувањето на брендот во сегментот на субкомпактните модели може да испадне погубно врз компании како Borgward и Lloyd.

- Реклама -