Покрај датумот кој се појави во јавноста, благодарение на компанијата „Водофон“, откриени се и неколку клучни функции на претстојниот модел на iPhone.
Компанијата „Водофон“ откри дека новиот iPhone ќе се најде во прдажба од 25 септември оваа година.
Во мејлот кој им бил испратен на вработените од компанијата, а кој случајно дошол до Mobile News, е откриено дека нарачките ќе започнат една седмица порано, односно на 18 септември.
Новиот уред е познат само како iPhone, што може да значи дека Apple решиле да ја променат стратегијата во именувањето на своите паметни телефони, како што направија со iPad таблетите.
Неколку клучни функции на новиот предводник на компанијата се веќе откриени. Имено, се очекува овој смартфон да има 4,7 инчен екран со Force Touch технологија, која ќе може да одреди колку силно корисникот го притиска дисплејот.
Ќе го движи Apple A9 процесор, а наводно ќе има 2GB RAM меморија и подобрена камера од 12 мегапиксели.
Новиот iPhone ќе биде направен од силна легура на алуминиум за да спречи уште еден “bendgate”, односно прекршување на уредот.