Со половина нашминкано лице, успеа да го убеди светот во спротивното

Ова видео ќе ви покаже колку всушност е голема моќта на шминката.

Ники е активна корисничка на YouTube, која на нејзиниот канал често прикачува мејк-ап туторијали за нејзините следбенички. Но, во едно од нејзините последни видеа, таа сакаше да стави фокус на мислењето кое во последно време многумина сакаат да го промовираат, и да создадат слика дека жените се најубави кога се природни, а оние кои редовно користат шминка да се чувствуваат виновни. Ники одлучи да се спротистави на ваквите ставови, и визуелно да им покаже дека грешат.

Нема сомнеж дека со помош на шминка цртите на лицето можат драстично да се истакнат, разубават, па дури и да се променат,па трендот да се осудуваат девојките кои уживаат да нанесуваат повеќе шминка е навистина бизарен.

- Реклама -