Како да преживеете пад со лифт?

Сосема е нормално да се чувствувате несигурно додека сте во лифт. Иако статистиката вели дека смртните случаи при несреќи со лифтовите се екстремно ретки, од некоја чудна причина вашиот мозок обожава да размислува што би било ако лифтот почне да паѓа.

Научниците од МИТ Центарот за биомедицински инженеринг одговорија токму на тоа прашање, откривајќи го најдобриот начин да преживеете ако случајно се најдете заглавени во лифт кој паѓа. Во таков случај, вашата инстинктивна реакција веројатно ќе биде да клекнете и да ги свиткате колената, очекувајќи удар. Но, силата на гравитацијата ќе ви оневозможи да ја одржите тежината на сопственото тело. Според истражувачите, најдоброто нешто што можете да го направите за да ги зголемите шансите да го преживеете падот е да легнете на подот на средината на лифтот. На тој начин рамномерно ќе ја распоредите тежината на телото и максимално ќе ја распределите силата на ударот по површината на телото.

Можеби не звучи многу утешно, но нема ни потреба. Како што рековме, фаталните несреќи со лифт се многу ретки. Веројатноста дека такво нешто ќе ви се случи е 0.00000015%. Од друга страна, најголемиот дел од несреќите се случуваат заради расипани врати, заради што луѓето се заглавуваат или пропаѓаат во празно окно. Дополнително, веројатноста дека ќе паднете по скали е 60 пати, а на ескалатор – 15 пати поголема од веројатноста да паднете со лифт. Со други зборови, лифтот сепак е најбезбедната опција.

- Реклама -