Малку ќе ви помогнеме – од кожа. Но, од каква?
Во борбата против фрлање на остатоците од храна, американското здружение „Tidal Vision“ започнало да прави паричници од кожа на лосос, која инаку се отстранува од исхраната.
Во светот има покренато голем број на иницијативи за да се спречи фрлање на храна, на кои се приклучија и Крег Касберг и Зак Вилкинсон, капетани на рибарски брод на Алјаска.
Двајцата дошле до идеја од кожата на лосост, која инаку се фрла, да направат паричници. Планот на двајцата е и оклопите од школки и ракови да ги трансформираат во современа облека.
Дали ова понатаму ќе значи убивање на животните, специјално за овие потреби? Се надеваме дека не.