Facebook развива Want копче

Постојат гласини дека Facebook развива ново “Want” копче кое ќе ви овозможи да додавате производи на виртуелен список на желби.

Том Вадингтон кој неодамна нашол онеспособено Want копче вметнато во Javascript на Facebook вели дека изгледа како социјалната мрежа активно ра работи на овој елеметн. Тој го поставил кодот на неговиот блог минатата недела и оттогаш копчето се претворило од error код во Want копче кое може да се кликне

„Копчето беше апдејтирано од минатата недела, значи тие дефинитивно работат на него. Ова покажува дека развојот на копчето е сè уште активен и не се работи за напуштен проект“ додал Вадингтон. Со Want копче и веќе постоечките опции Subscribe и Like, Facebook пријателите би можеле да ги видат работите кои другите би сакале да ги купат.

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

„Фактот што кодот посочува кон “socialcommerce” е знак дека тие се сериозни“ вели Вадингтон. „На истиот начин како што на сајтот се споделува музика, видеа и вести Facebook планира да дозволи споделување на желби и фалење за купените предмети, од предмети купени во игрите до донации.“

Иако Facebook нема дадено изјава за новиот код во изјава минатата недела тие рекле дека развиваат нови елементи. „Секогаш бараме нови елементи за платформата, но немаме ништо ново во моментов.“ [Proof shows Facebook ‘Want button’ is real]

- Реклама -