Наскоро во секој дом: Робот што готви како професионален готвач

Овој робот е доказ за технологијата на иднината, која може да нè направи среќни.

Тој ги имитира активностите на познати готвачи од целиот свет, а негова крајна цел е да зготви што и да посакате.

Може да се контролира од страна на Вашиот паметен телефон, додека неговите раце се движат по агилноста на човековите и можат да комуницираат со било која кујнска опрема. Гаранција за квалитетот на рацете е фактот што се користат и од страна на НАСА.

1(1209)

Иако  способноста на овој кујнски робот е да готви јадења достојни за во ресторан, според професионалните готвачи тој сè уште не може да подготви идеално суши.

Освен тоа ги става валканите садови во мијалникот, бидејќи нема функција за полнење на машина за миење садови. Но, ова е само првата негова опција, посочуваат пронаоѓачите од Moley Robotics.

Се уште роботот не се нуди на пазарот, тој ќе им биде на располагање на купувачите во 2017 година. Програмиран е со илјадници рецепти. Неговата првична цена, се препоставува дека ќе биде 10 000 фунти.

- Реклама -