Половина век Renault 16

Оваа година се навршува половина век од постоењето на Renault 16.

Овој модел направи револуција на пазарот, станувајќи првиот семеен автомобил со задна врата и ја смени претставата за функционалноста на овој тип возила.

Хечбекот претставува оригинално, двообемно купе со задна врата. Голем број компоненти се позајмени од не помалку успешниот модел Renault 4, со додаден елегантен екстериер и зголемена функционалност. Сите новости му даваат на Renault 16 право во тоа време да се именување како идеален автомобил за животот – Voiture a vivre. Renault 16 ги обединува во себе квалитетите на седан и комби, што го правело неверојатно мошне функционален за своето време.

Багажниот простор може да биде организиран на четири различни начини, а волуменот се движи од 346 до 1200 l. Седиштата дозволиле прицврстување на детско столче, а имаа можност да ја менуваат положбата и дури да нудат рамна површина за спиење.

Renault 16 е со преден погон, а менувачот е распореден пред моторот. Во 1968 се појавува верзија TS (Tourisme Sportif), каде во стандардна опрема влегуваат голем број н нови елементи, како бришач на задното стакло, помошни предни фарови, бришачи со две брзини и ретровизор со регулирање за дневна и ноќна светлина.

Независно од атипичниот дизајн автомобилот брзо ја стекнал довербата на медиумите и во 1966 Renault 16, станува Автомобил на годината со 98, надминувајќи го Rolls-Royce Silver Shadow, кој добил 81 поени.

Топ-вариантата на моделот е модификацијата TX, претставена во 1973, таа имала нов, 1,6-литарски мотор со моќност од 93 КЅ, со максимална брзина од 175 km/h, имал централно заклучување и инерцијални појаси. Клучна новина била петстепената менувачка кутија.

За времето на производство на моделот Renault 16 биле направени вкупно 1 851 502 возила, главно во специјално изградена за целта фабрика во Сандувил, Нормандија.

- Реклама -