Клима уредите често се спомнуваат во контекст на голем број на здраствени проблеми. Дали овие тврдења се точни?
Некогаш клима уредот се сметаше за луксуз. Денес е необично ако ги немате во својот дом или во канцеларија.
Тие се дел од нашиот живот. Нажалост, претераното снижување на температурата и лошото одржување доведоа до здраствени проблеми со дишењето и болки во телото. Затоа ви ги претставуваме добрите и лошите страни на користењето на клима уред.
Корисни:
– Екстремните топлини имаат негативен ефект на менталната и физичката активност, па користењето на клима уред може ова да го ублажи.
– Го зголемува чувството на удобност.
– Ја зголемува продуктивноста на работа.
– Може да резултира со поголема физичка и ментална активност.
– Пониската температура го намалува ризикот од инсекти и паразити.
– Пониската температура значи помалку потење и помал ризик од дехидрација.
– Ако инсталацијата на клима уредот е добра и редовно и добро се одржува, го подобрува квалитетот на воздухот.
Ризик:
– Наглата промена на температура и влагата влијае на дишните патишта.
– Ја суши кожата и слузницата.
– Создава бучава.
– Циркулацијата на воздух може да пренесува инвективни респираторни болести.
– Може да ги влоши очните проблеми, да доведе до конјуктивитис.
Не заборавајте:
– Просторот во кој клима уредот работи, треба постојано да се проветрува.
– Инсталацијата и одржувањето треба да ги изведе стучно лице.
– Собната температура треба да биде помеѓу 21 до 25 целзиусови степени.
– Просечната влага мора да биде меѓу 60 и 70%.