Пролетта е пред самиот крај, а на прагот полека се приближува летото. Одмор на море, или некаде во природа, е нашата најчеста мисла во овој период. Секако, сето ова е проследено со добро друштво и вкусна скара.
Но, што доколку немате скара, а сакате да си подготвите? Не фрлајте веднаш пари доколку имате други приоритети, бидејќи секогаш постои план Б. Во видеото подолу ви прикажуваме едно привремено решение, кое иако не може во целост да ја замени вистинската скара, сепак е навистина корисно.