Пет сигнали кои мажите никогаш не ги сфаќаат

Машкиот и женскиот мозок функционираат на различни принципи. Жените често даваат знаци кои мажите без проблем би требло да ги прочитаат. Но, како што е познато, тоа не е секогаш така.  Пет вообичаени и помалку комични ситуации.

1. Жената со зборовите испраќа двосмислени пораки

Таа мисли: Со користење на сугестивни зборови кокетирам со него и испраќам пораки дека го посакувам.

Тој мисли: Користи така чудни зборови!

Мажите воопшто не ги забележуваат женските алузии, затоа што нивниот вокабулар е целосно различен од женскиот. Тие бараат очигледни сигнали.

2. Жената се прозева и глуми дека е уморна

Таа: Жената покажува дека и е досадно, на начин да не ги навреди луѓето околу себе.

Тој мисли: Сака да спие, а јас ќе останам да се забавувам.

Мажите секогаш бараат практични решенија. Кога жената кажува дека е уморна, тие така и сфаќаат. Единствен начин е директно да им се каже.

3. Жените се обидуваат на безболен начин да ја прекинат врската

Таа мисли: Пристојна сам и обѕирна, а сепак му кажав дека е готово меѓу нас.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Тој мисли: Се уште е заинтересирана за мене.

Жената едноставно треба да ги каже своите намери и да не остава лажна надеж. Конструкциите „привремена пауза“ и „време за размислување“ можат погрешно да бидат протолкувани и мажот да верува дека се уште има шанса.

4. Жената суптилно го допира

Таа мисли: Кокетирам со него и ја користам секоја прилика да го допрам.

Тој мисли: Тој всушност ништо посебно не мисли.

Првите суптилни допирни нема ниту да ги забележи. Подоцна сфаќа дека станува збор за кокетирање.

5. Жената молчи и гледа во друг правец

Таа мисли: Лута сум и така тој ќе сфати дека нешто не е во ред.

Тој мисли: Што е па сега?

Молчењето е најсилното женско оружје, но е и целосен лош начин на комуникација и ниту еден маж не го разбира. Жената мора јасно да каже што ја мачи.

 

 

- Реклама -