До црврсти нокти, без кршење и лупење

Токму како што е неопходно за кожата, така и ноктите имаат потреба од нега и хидратација.

Губитокот на влажност ја намалува еластичноста на ноктите, што предизвикува пукање и лупење. Ако сакате да имате убави и негувани раце и нокти придржувајте се до овие пет едноставни правила.

1. Исхрана

Во исхраната внесете доволно витамини и минерали, посебно сулфур (кромид, лук, грав) биотин (печурки, моркови, банани) и калциум (грав, сирење, суви смокви).

Постојат и додатоци во исхраната кои содржат витамини и минерали што му се потребни на организмот, па со самото тоа и на вашите нокти.

2. Лоши навики

Грицкањето на ноктите е лоша навика, како за вашето здравје, така и за вашите нокти. Но и губењето на старите слоеви на лакот им штети на ноктите. Ако сакате да имате убави нокти, контролирајте го вашето однесување.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

How-to-make-your-nails-beautiful-video-2015-new

3. Заштита

Во текот на извршувањето на домашните работи, заштитете ги вашите раце, Не заборавајте да ставите гумени ракавици, за хемикалиите да не ја оштетат кожата на ноктите.

4. Нега

Не заборавајте на негата на кожичките околу ноктите. Во сад ставете бадемово или маслиново масло и намачкајте ги ноктите неколку минути, а потоа масирајте ги врвовите на прстите.

5. Производи

Отстранувачите на лаковите за нокти најчесто содржат состојки како формалдехид и ацетон кој ги суши ноктите. Порадо изберете отстранувач на лакот на база на масло, без ацетон.

beautiful-nails-ibeautywellness-175131

- Реклама -