Како да заштедиме за пристоен живот во староста

Дали можеме да се потпреме исклучиво на државната пензија за нормално обезбедување на својата старост?

Од една страна, сме сведоци на зголемување на возраста за пензионирање (што е сосема нормално ако се земе во предвид демографската структура), а од друга – приходите се исклучително ниски, што не овозможува одржување на нормален животен стандард.

Кон тоа треба да ја додадеме и дупката во пензискиот систем, како и фактот дека не се знае колку време и дали пензискиот систем ќе издржи со годините или нема да колабира пред настапување на моментот за пензионирање. Прашањето што најверојатно го мачи секој е како да се утврди колку заштеда да обезбедиме за пензија?

1(1189)

Одете од назад кон напред

Прво, одредете каква е пензијата која според вас ќе ви биде потребна за да ви биде обезбедено нормалното постоење. Овде можете да користите различни пристапи. Едниот е на собирање на трошоците кои ги правите месечно, а другиот е на изнаоѓање на задоволителен, според вас, процент од последниот приход кој сте го добивале. Експертите препорачуваат пензија во износ од околу 70% од последниот приход. Сега можете да прибегнете до правилото на 4-те проценти. Иако е развиено за американскиот пазар, тоа одредува колку можете да подигнете годишно од заштедените средства, за да не се исцрпи пензискиот фонд (за период меѓу 25 и 30 години, колку што се претпоставува дека ќе живеете по пензионирањето). Кажано поинаку, за да можете да си дозволите да повлече наведена сума од 12 000 денари, согласно правилото за 4-те проценти, треба да сте заштедиле барем 300 000 денари до моментот на пензионирање.

Без страв, но трезвено

Од тука натаму треба да знаете дека колку порано почнете да штедите, толку полесно и со помалку напор ќе можете да дојдете до наведената сума. Ова се постигнува благодарение на позитивниот ефект на времето за капитализарање на вашите заштеди. Се разбира, треба да се погледне и кон финансиските пазари без страв, иако и трезвено.

Еден пример: ако почнете да вметнувате одредена фиксна сума на пари секој месец во дополнителен пензиски фонд меѓу 25 и 35 години (10 години), тогаш на 65 ќе имате поголема заштедена сума од онаа која би имале во годините меѓу 35 и 65 години (30 години). Ова се должи токму на факторот време. Овде можете да користите различни калкулатори, кои ќе ви дадат одговор на прашањето колку треба да распределуваме секој месец, за да дојдеме до посакуваната цифра.

12(261)

Кога е нормално да почнеме да штедиме?

За да одговориме на ова прашање треба да се земе предвид факторот време и промената на вредноста на парите. Кажано поинаку, колку порано, толку подобро. Еве и еден пример во таа насока: Двајца млади на 20 години – Иван и Петар, почнуваат да мислат за пензионирање. Иван почнува да штеди 500 денари годишно на крајот на секоја година. По 20 години запира. Петар одлучува дека му е рано да размислува за пензионирање и ќе почне да штеди, но 20 години подоцна. За да се израмни, ќе заштедува по 1.000 денари годишно и ќе прави придонеси за 25 години. Кои се резултатите? Двајцата се пензионираат – Иван има акумулирано 71 289 денари, наспроти придонесите од 10 000. Петар има акумулирани едвај 55 139 денари. Иако Иван престанува да штеди, факторот време работел. Тоа во голема мера дава и одговор на прашањето кога да почнеме да штедиме. Одговорот е што поскоро.

22(13)

Зошто да штедам за пензија?

1. Се зголемува времетраењето на живот

Ова, се разбира, е добро, само по себе. Напредокот на медицината прави така што должината на животот се зголемува постојано. На позадината на просечниот животен век од 67 години во 50-тите години на минатиот век, до денес границата изнесува 79 години. Кажано поинаку, ќе треба да обезбедите средства за 10 дополнителни години, во споредба со она што би требало да се обезбеди пред околу половина век.

2. Државната пензија не е особено сигурна

Сите зборуваат дека пензискиот систем нема како да издржи. Лошото е тоа што ако овие пророци се покажат прави, тоа најверојатно вие (оние кои плаќаат социјално осигурување) ќе бидете жртвите, кои ќе останат без државна пензија по неколку години. Се разбира, законодавците не смеат да се тетерават кон мерки кои би ја загрозиле автономијата на пензискиот систем.

3. Трошоците за лекување се зголемуваат

Трошоците за лекување на разни болести се зголемуваат постојано. Во последните неколку децении трошоците за здравствени услуги се зголемуваат во просек со темпо помеѓу 2 и 4%, или при норми два или три пати над инфлацијата за наведениот период. Растат и трошоците за осигурување.

4. Каматите се ниски

Каматата на депозитите на глобално ниво се на рекордно ниски нивоа. Рекордно ниска е и дивидентната на повеќето од водечките компании во светот. Според Ворен Бафет, инвеститорите треба да се надеваат на принос од 6-7% на берзите во наредните децении, на позадината на 9-10% во последните неколку децении.

5. Децата може да имаат потреба од помош

Покрај трошоците за здравствена заштита, значаен раст во последните децении бележат и трошоците за образование. Тие исто така се зголемуваат со брзо темпо. Односно, образованието на вашите деца може да биде значително поскапо и да бара да им помагате финансиски. Помошта може да ви биде потребна  и при купување на имот.

- Реклама -