На денот на нивната 30-годишнина од бракот, жената како и обично испекла леб. Леб печела секое утро, цели 30 години – тоа било нивна традиција.
Седнале да доручкуваат заедно, а жената исекла две парчиња од лебот и ги премачкала со путер. Како и обично, го дофатила парчето од средината за да му го подаде на сопругот, а за себе да го остави крајчето. Но, во последен момент се замислила:
„Денес, на денот кога славиме 30 години од бракот, за доручек сакам парче од средината на лебот. Сонувам за тоа парче сето ова време. Бев примерна сопруга сиве 30 години и ги воспитав нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку труд во доброто на ова наше семејство!„
Така размислувајќи, решила да му го даде крајчето на сопругот, макар што се почувствувала лошо што ќе ја прекине 30 години долгата традиција. Но, веќе немало назад. Мажот веќе го земал крајчето, но со изненадувачка воодушевеност. Сиот радосен, и рекол на жената:
„Денес ми даде преубав подарок, драга! Сиве 30 години не сум јадел крајче за доручек, а толку многу го сакам. Ти направи толку многу за нас и сметав дека сепак е праведно ти да го добиваш парчето што најмногу го сакаш.“